Покана за отворање на "RoboMac"-2024

Почитувани,

Со особена чест и задоволство ве покануваме на отворањето на 12-тото издание на натпреварот во областа на роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, "RoboMac"-2024. На наша голема радост сакаме да ве информираме и за 4-тото издание на натпреварот за средношколци, "RoboMac Junior"-2024.

Отварањето ќе се одржи на 22.04.2024, со почеток во 13:00 часот, во амфитеатарот на "Факултетот за електротехника и информациски технологии"-УКИМ, Скопје. Ве покануваме, сите заедно да ги поддржиме и да им посакаме среќа на 61-те пријавени учесници на "RoboMac"-2024, како и на 54-те пријавени средношколци на "RoboMac Junior"-2024.

"RoboMac"-2024 ќе се одржи во периодот од 22.04-27.04.2024, додека "RoboMac Junior"-2024 од 22.04-25.04.2024.

Носители на настанот се македонската секција на IEEE, преку нејзиниот студентски огранок при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а во коорганизација на Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Линк до објави:

 

Во име на организацискиот одбор,

Филип Жаков
Претседател на студентскиот огранок при македонската секција на IEEE
Тел: +38970225689
Мејл: filip.zhakov@gmail.com


Attachments: