Материјали за Годишното собрание на македонската ИЕЕЕ секција
To view complete details for this event, click here to view the announcement
Материјали ЗА ГодишноТО собрание на македонската ИЕЕЕ секција 2024
Почитувани колеги,
во прилог се материјалите за годишното собрание. Уште еднаш ве замолувам да се регистрирате доколку планирате да присуствувате на собранието заради подобра организација. Голема благодарност до оние кои веќе се регистрираа.
ПОКАНА
Почитувани колеги, членови и пријатели на Македонската секција на ИЕЕЕ, со задоволство Ве поканувам на редовното Годишно собрание на Македонската секција на ИЕЕЕ.
Date and Time
- Date: 28 Feb 2024
- Time: 12:00 PM to 04:00 PM
- All times are (UTC+01:00) Skopje
Add Event to Calendar
Location
- Руѓер Бошковиќ 16
- Скопје, Macedonia
- Macedonia 1000
- Building: Амфитеатар на ФИНКИ
Hosts
Registration
- Starts 21 February 2024 02:40 PM
- Ends 27 February 2024 12:00 PM
- All times are (UTC+01:00) Skopje
- No Admission Charge
Дневен ред
– Избор на записничар и двајца оверувачи.
1. Усвојување на дневниот ред.
2. Извештај на претседателот за работата на Секцијата во 2023 година.
3. Извештаи за работата на одделите, студентскиот огранок и групите во 2023 година:
3.1. оддел за обработка на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP001/EMB018), претседател Бранислав Геразов;
3.2. здружен оддел за кола и системи, компјутациона интелигенција и системи за управување (CAS004/CIS011/CS023), претседател Горјан Наџински;
3.3. здружен оддел за електронски компоненти/инструментација и мерења/полупроводнички електронски кола (ED015/IM009/SSC037), претседател Владимир Димчев;
3.4. оддел за теорија на информации (IT012), претседател Александар Ристески;
3.5. оддел за индустриска електроника/индустриски апликации/енергетска електроника (IE013/IA034/PEL035), претседател Љупчо Караџинов;
3.6. оддел за компјутери (C016), претседател Благој Ристевски;
3.7. оддел за телекомуникации (COM019), претседател Марко Порјазоски;
3.8. оддел за електроенергетика (PE031), претседател Петар Крстевски;
3.9. здружен оддел за едукација/роботика и автоматика/системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), претседател Невена Ацковска;
3.10. студентски огранок на ИЕЕЕ при УКИМ, претседател Теа Вељковиќ;
3.11. група на млади професионалци (YP), претседател Марија Попоска.
3.12. група на доживотни членови (LMAG), претседател Гоце Арсов.
4. Извештај за финансиското работење на Секцијата во 2023. Усвојување на завршна сметка/годишна пресметка за 2023 година.
5. Извештај на комисијата за спроведените избори за мандатниот период 2024-2025.
6. План за работа за 2024 година.
7. Доделување јубилејни награди и признанија.
8. Предлози, сугестии и прашања од членовите на Секцијата.
9. Заедничка фотографија на членовите
Годишното собрание ќе се одржи на 28.02.2024 година (среда) од 12:00 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ (анекс на ТМФ).
Традиционално дружење на членовите по завршување на собранието е организирано во ресторан Фотка после 14:00 часот.
Скопје, 21 февруари 2024 година. Претседател, Анастас Мишев
Заради подобра организација на настанот, ве молиме да се регистрирате